Google започнува со постепено воведување на Shopping Ads на нови европски пазари, вклучително и во Јадранскиот регион. Овој чекор е дел од поширока експанзија во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, претставувајќи значаен напредок за огласувањето фокусирано на производи.
Shopping Ads им овозможуваат на компаниите поефикасно да допрат до корисници кои веќе имаат намера да купат, токму во моментот кога ја носат својата одлука. Особено важен аспект е тоа што конкуренцијата во регионот е сè уште релативно ниска, што им дава можност на брендовите да започнат порано, да тестираат различни стратегии и да изградат силна позиција пред пазарот да стане заситен.
Компанијата Admixer Media, официјален продажен партнер за Google Ads во Хрватска, Србија и Словенија, веќе работи на зајакнување на екосистемот на Google и поттикнување на перфроманс-маркетинг пристапи.
Shopping Ads се формат на огласи каде што самиот производ е во центарот на вниманието. Наместо класичен текст, корисниците веднаш гледаат слика од производот, цена, име и продавница директно во резултатите од пребарување. Ова го прави процесот поедноставен и поинтуитивен.
За бизнисите, ова значи поефикасно огласување и подобри резултати. Кампањите се автоматизирани, се оптимизираат со помош на вештачка интелигенција и се прикажуваат на повеќе канали како Google Search, YouTube и Display. Фокусот се поместува од клучни зборови кон самите производи.
Со добра подготовка и квалитетни податоци за производите, огласувачите можат да ја искористат оваа можност и да обезбедат побрз раст и подобра видливост во дигиталниот простор.
(Marketing 365.mk)






























