Дека македонскиот ајвар не познава граници, потврди и светската музичка ѕвезда Рита Ора! Пејачката, која веќе неколку години живее во Австралија, пријатно ги изненади своите следбеници од Балканот со една фотографија од нејзината последна објава на својот Инстаграм профил за време на нејзината посета на Нов Зеланд. „Малку од ова, малку од она“, напиша Ора и објави фотографија од полица преполна со тегли од познатиот бренд „Перустија“, сопственост на штипската фабрика „Ларс“. Со краткиот и симпатичен опис „A little bit of this, a little bit of that таа јасно стави до знаење дека овој деликатес е дел од нејзиниот избор при пазарување. Штипскиот ајвар го освои австралискиот континент Ова не е само обична фан-фотографија, туку доказ за успешниот извоз на македонските компании.
Фабриката „Ларс“ од Штип веќе со години стратешки го пласира ајварот „Перустија“ на пазарите во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД и ЕИ каде што се натпреварува со светски брендови. Производот е достапен во големите маркети низ Нов Зеланд, наменет за сите кои бараат автентичен, традиционален вкус без вештачки додатоци.
Кога мегапопуларна ѕвезда како Рита Ора ќе го објави вашиот производ, тоа е најдобрата потврда за квалитетот што излегува од штипскиот погон. Изгледа дека штипските мајстори на ајварот добија нова, светска амбасадорка која знае да го препознае вистинскиот квалитет!
Рита Ора, светска поп ѕвезда по потекло од Косово и нејзиниот избраник Таика Ваитити од Нов Зеланд стапија во брак во 2022 година.































