- Advertisement -
Осум од десетте градови со најмногу видеонадзор во светот се наоѓаат во Азија, додека преостанатите два се во Русија.
Кина има околу 700 милиони камери за надзор (494 на 1.000 жители), иако податоците за поединечните градови не се достапни. Се проценува дека има по една камера на секои двајца жители во Кина. Кинескиот систем на камери за надзор се нарекува SkyNet и е контролиран од владејачката Комунистичка партија.
- Advertisement -
Иако Кина е лидер во надзорот на населението благодарение на своите обемни системи за надзор, други земји исто така сè повеќе развиваат слични практики. Меѓу нив се бројни градови во Индија, Русија и Јужна Кореја, како и Лахор, Кабул, Сингапур, Лондон, Истанбул, Њујорк и Лос Анџелес.
(Bug hr)
- Advertisement -



























