Во време кога сè почесто се зборува за жените во бизнисот, претприемништвото и иновациите, едно прашање останува отворено: дали видливоста е доволна?
Одговорот е јасен — не е. На жените им треба пристап. Пристап до вистинските луѓе, вистинските можности и вистинските екосистеми каде растот не е случаен, туку забрзан. Токму затоа е создаден Liora Women in Business Track — нова иницијатива во рамки на The Founder Games, наменета за жени претприемачи од Југоисточна Европа и пошироко.
Ова не е само уште една приказна за инспирација. Ова е повик за акција. Иницијативата е поддржана од инвеститорката и глобален ментор Лиора Каспи која стои зад визијата да ги мотивира и поддржи жените претприемачи да влезат таму каде што се
носат вистинските одлуки — во простори каде се создаваат можности, партнерства и инвестиции. Лансирана од Networker на Меѓународниот ден на жената, оваа иницијатива ја претвора нејзината долгогодишна работа во конкретна платформа за пристап, раст и меѓународно поврзување.
Иако жените во регионот веќе создаваат компании и водат иновации, тие сè уште се недоволно присутни во круговите каде што се отвораат следните големи чекори. Глобално, тимови основани исклучиво од жени добиваат само околу 2% од venture capital
финансирањето — факт што покажува дека промената мора да биде структурна, а не симболична. Ова е твој момент да се приклучиш.
Liora Women in Business Track Challenge веќе започна на 20ти април и ќе трае до 3ти мај, и нуди реална можност:
● да влезеш во мрежа од инвеститори, ментори и основачи
● да добиеш пристап до 500+ часа менторство и практични сесии
● да ја зголемиш видливоста на твојата компанија
● и да бидеш дел од регионална сцена каде се создаваат идните успешни приказни и да учествуваш без котизација
Три жени основачки од 15 земји ќе добијат можност да учествуваат на снимањето на The Founder Games од 13 до 15 мај — но вистинската вредност не е само во изборот, туку во целиот процес и пристапот што го добиваш.
Ова не е натпревар само за победа. Ова е платформа за раст. Ако градиш нешто свое, ако имаш идеја што заслужува да биде видена, ако сакаш да бидеш дел од заедница што отвора врати — ова е местото каде треба да бидеш.
Приклучи се. Аплицирај. Стани дел од движење каде успешни жени не се натпреваруваат — туку растат заедно, се поддржуваат и си отвораат пат една на друга.
Нова можност за жени претприемачи: приклучи се на Liora Women in Business TrackChallenge
- Advertisement -
- Advertisement -






























