Google Translate ја слави својата 20-годишнина, а за да го одбележи овој настан компанијата додаде нова функција што им овозможува на корисниците да вежбаат изговор и дикција на зборови и фрази на различни јазици.
Кога преведувате збор, реченица или фраза, можете да отидете во менито „Вежбање“ за да го пронајдете копчето „Изговор“. Тоа ви ја покажува фонетиката што можете да ја изговорите гласно за да вежбате изговор на преведениот текст.
Апликацијата потоа го оценува вашиот изговор и ви дава повратни информации, како на пример: „Некои од звуците беа малку нејасни“. Можете исто така да слушате како апликацијата го изговара текстот.
Функцијата моментално се воведува во САД и во Индија, а засега ги поддржува јазиците англиски, шпански и хинди.
Новата опција потсетува на Duolingo по начинот на кој ви овозможува да вежбате изговор на зборови и реченици.
(B92)
(фото: Flickr)






























