Македонската ИКТ компанија КАБТЕЛ официјално го доби статусот Silver Partner на NAKIVO – глобално препознатлива платформа за backup, disaster recovery и ransomware protection решенија.
Со ова партнерство, КАБТЕЛ дополнително ја проширува и зајакнува својата понуда во областа на сајбер безбедноста, data protection и business continuity решенијата, овозможувајќи им на компаниите и институциите сигурна заштита на нивните критични податоци и ИТ инфраструктура.
Во време кога организациите сè повеќе се соочуваат со ризици од ransomware напади, губење на податоци и прекини во работењето, backup и recovery решенијата стануваат клучен дел од секоја модерна ИТ стратегија. Токму затоа, партнерството со NAKIVO претставува значаен чекор за КАБТЕЛ во насока на обезбедување современи, сигурни и ефикасни решенија за своите клиенти.
NAKIVO е глобално познат бренд кој обезбедува backup и disaster recovery решенија за виртуелни, физички, cloud и hybrid околини, со фокус на брзо враќање на податоците, минимизирање на downtime и заштита од современи cyber threats.
Како Silver Partner, КАБТЕЛ ќе обезбедува:
- имплементација и интеграција на NAKIVO решенија,
- консултантски и професионални услуги,
- техничка поддршка,
- backup и recovery стратегии прилагодени на потребите на клиентите,
- како и решенија за business continuity и disaster recovery.
КАБТЕЛ веќе 25 години инвестира во развој на експертиза во областа на инфраструктурни, cloud и cybersecurity решенија, а овој партнерски статус претставува дополнителна потврда за нејзиниот професионален пристап и технички капацитети.
„Добивањето на Silver Partner статусот од NAKIVO претставува значајно признание за нашата експертиза и посветеност во областа на data protection и business continuity решенијата“, изјавија од КАБТЕЛ.
„Нашата цел е да им овозможиме на клиентите сигурни, флексибилни и ефикасни backup решенија кои ќе обезбедат континуитет, стабилност и безбедност на нивното работење, особено во услови на зголемени сајбер ризици и потреба од брзо враќање на податоците.“
Со ова партнерство, КАБТЕЛ продолжува да ја следи својата мисија – обезбедување современи ИКТ и безбедносни решенија кои им помагаат на организациите да работат поефикасно, побезбедно и подготвено за дигиталните предизвици на иднината.



























