Кои се највлијателните луѓе кои се со Трамп во Кина?

- Advertisement -

На претседателот на САД, Доналд Трамп, му се придружија 17 извршни директори, вклучувајќи ги Илон Маск и Тим Кук, на неговата посета на Кина.

Додека некои аналитичари ја нарекуваат посетата историска, други велат дека присуството на толку многу бизнис лидери во делегацијата не е големо изненадување, со оглед на актуелните глобални економски трендови и фактот дека политичките и деловните одлуки се сè повеќе испреплетени.

- Advertisement -

Делегацијата вклучува бизнис лидери од широк спектар на индустрии, вклучувајќи ги Apple, Tesla, Visa, BlackRock, Goldman Sachs, Mastercard, како и Nvidia, чиј извршен директор, Јенсен Хуанг, беше додаден на списокот во последен момент.

Белата куќа формираше список на бизнис лидери кои се очекува да патуваат во Кина со претседателот. За време на последната етапа од неговото патување во Кина, Доналд Трамп го пречека Хуанг, извршниот директор на Nvidia, кој првично беше изоставен од списокот. Откако виде извештаи дека Хуанг нема да патува, Трамп му се јави и му упати лична покана, според извор запознаен со разговорот.

- Advertisement -

Nvidia игра клучна улога во глобалната трка за вештачка интелигенција, а нејзиниот извршен директор интензивно лобираше во Вашингтон и во Пекинг во последните месеци за да ѝ се дозволи на компанијата да продолжи да продава чипови за вештачка интелигенција на кинескиот пазар.

Во исто време, Cisco објави дека нејзиниот извршен директор, Чак Робинс, не може да присуствува, додека вклучувањето на Маск во делегацијата се смета за уште еден знак дека тој ги обновил односите со Трамп. Маск претходно беше советник во администрацијата и учествуваше во процесите на реформи на федералната бирократија, но ја напушти таа улога по несогласувањата со претседателот. Сепак, во последните месеци односите меѓу двајцата повторно се подобрија.

- Advertisement -

Американските претставници велат дека Трамп сака да разговара за формирање совет за инвестиции и трговија меѓу САД и Кина за време на посетата, а делегацијата вклучува лидери од речиси сите клучни сектори на глобалната економија.

Ова е целосниот список со членови на делегацијата на Трамп:

  • Лари Финк (BlackRock)
  • Тим Кул (Аpple)
  • Стефан Шварцман (Blackstone)
  • Кели Ортберг (Boeing)
  • Брајан Сајкс (Cargill)
  • Џејн Фрејзер (Citi)
  • Џим Андерсон (Coherent)
  • Лари Калп (GE Aerospace)
  • Дејвид Соломон (Goldman Sachs)
  • Џејкоб Тисен (Illumina)
  • Мајкл Мејбах (Mastercard)
  • Дина Пауел Меккормик (Meta)
  • Сања Мехротра (Micron)
  • Јенсен Хуанг (Nvidia)
  • Кристијано Амон (Qualcomm)
  • Елон Маск (Tesla)
  • Рајан Мекинерни (Visa)

Аналитичарите оценуваат дека толку широка и силна бизнис делегација покажува колку се испреплетени економските и геополитичките односи меѓу САД и Кина денес, но и колку интензивна и стратешки важна станала борбата за глобално технолошко и економско лидерство.

(Kamatica/Bonitet)

(фото: Chat GPT)

- Advertisement -