По повод 30 години постoење — Божиновски со поддршка на патувачите низ времето

- Advertisement -

Во годината кога одбележува 30 години постоење, Божиновски станува поддржувач на мјузиклот „Као какао“, проект што не го враќа старо Скопје како носталгична разгледница, туку како чувство што сè уште живее: во музиката, хуморот, љубовта, креативноста и во едно време во кое градот дишел пошироко.

Ова партнерство е повеќе од поддршка на културен настан. Тоа е природно продолжување на приказната на бренд кој три децении го мери времето не само преку часовници, туку преку моменти што остануваат дел од личната и градската меморија.

- Advertisement -

„Као какао“ е мјузикл за едно Скопје кое не живее само во спомени. Тоа е Скопје на луѓе, средби, движење, леснотија, духовитост и потреба да се биде заедно. Град со свој ритам, свој шарм и своја душа.

Токму затоа, по повод својот јубилеј, Божиновски ги поддржува овие неповторливи патувачи низ времето, луѓето што преку сцена, музика и приказна нè потсетуваат дека духот на едно време не исчезнува ако има кој повторно да го оживее.

- Advertisement -

Затоа што вистинските патувања низ времето не нè носат назад. Тие нè потсетуваат што вреди да понесеме понатаму.

- Advertisement -