На Антарктикот измерени 15°C среде зима

- Advertisement -

Температурите на Антарктикот надминаа 15°C овој месец, со што го срушија претходниот зимски рекорд за топлина за инаку замрзнатиот регион, што предизвика загриженост за брзината на колапсот на климата. Новиот зимски рекорд од 15,4°C беше регистриран на 6 јуни во базата Есперанца во Аргентина на полуостровот Тринити, во услови на продолжен топлотен бран, за време на кој највисоката дневна температура беше над нулата три недели по ред.

Научниците велат дека измерената температура од 15,4°C е за два степени повисока од претходниот рекорд поставен на истата станица во 1998 година.

- Advertisement -

Ова е сосема неверојатно. Исто така, е околу дваесет степени Целзиусови над нормалата за ова време од годината. Ова е огромна аномалија.“ рече Раул Кордеро, еквадорски професор по климатологија на Универзитетот во Гронинген.

Невообичаено силни, топли ветрови од север дуваат низ поголемиот дел од Антарктичкиот Полуостров. Според Кордеро, една чилеанска метеоролошка станица, Бунен Ривера, регистрирала температури од речиси 13°C.

- Advertisement -

На островот Кинг Џорџ, на 160 километри од Есперанза, истражувачите велат дека пејзажот се променил од претежно бел во кафеав, сив и зелен откако температурите достигнале 4,6°C на 6 јуни.

Изминатиот викенд беше многу необичен. Температурите тука беа многу високи, па сè надвор се стопи. Во ова време од годината, обично имаме 20 сантиметри снег и многу мраз на земјата.“ рече чилеанскиот глациолог Луис Муњоз.

- Advertisement -

Муњоз рече дека тој и неговата колешка Наталија Местре се искачиле на врвот од 500 метри на блискиот глечер Колинс минатата среда и биле изненадени кога виделе како дождот го топи мразот.

Ова директно влијае на глечерот, кој треба да акумулира снег во моментов. Не треба да се аблира во ова време од годината. Очигледно не е добро за глечерот.“ вели Муњоз.

Антарктичкиот регион е под зголемен човечки притисок и директно преку истражување на ресурси и туризам и индиректно преку согорување на фосилни горива што ја затоплува планетата.

Научниците предупредуваат дека некои од најголемите глечери во регионот, како што се Твејтс и Пајн Ајленд, се приближуваат или можеби веќе ја поминале пресвртната точка што би можела да го покачи глобалното ниво на морето за четири метри. Исто така, откриено е дека топењето на антарктичкиот мраз ја забавува глобалната циркулација на океанот.

Кордеро објасни дека еден зимски топлотен бран, без разлика колку е екстремен, сам по себе нема да има значително влијание врз нивото на морето, но укажува на загрижувачки долгорочни трендови.

Овој топлотен бран се случи поради екстремно силни западни ветрови. Овие ветрови се јавуваат со зголемена фреквенција од 1980-тите, а познато е дека ова е поврзано со климатските промени.“ додава Кордеро.

(Index.hr/The Guardian)

(фото: Picryl)

- Advertisement -