- Advertisement -
Цените на бензините и на дизелот се зголемуваат, а поевтинуваат екстра лесното масло за домаќинство и мазутот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Од полноќ, цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари за литар и ќе се продава за 87,50 денари, додека цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за два денари и ќе изнесува 90 денари. Дизелот поскапува за половина денари и литар ќе чини 87,5 денари.
- Advertisement -
Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 денари за литар и ќе се продава за 86,50 денари, додека мазутот се намалува за 1,074 денари за килограм и сега ќе чини 46,223 ден/кг.
Фото – Peak-px
- Advertisement -




























