Од Исланд до Северна Македонија, потрошувачките цени значително варираат низ цела Европа. Новите податоци на Евростат покажуваат каде секојдневните производи и услуги чинат најмногу и зошто цените сами по себе не ја раскажуваат целата приказна.
Евростат ги базира своите индекси на годишните национални просечни цени за повеќе од 2.000 производи и услуги. Во рамките на Европската унија, разликата е многу изразена, се наведува во текстот. Луксембург е на врвот на листата, додека Романија има најниски цени. Потрошувачките цени во Луксембург се 2,5 пати повисоки отколку во Романија.
Кога ќе се вклучат земјите-кандидатки за ЕУ и членките на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Исланд станува најскапата земја, а Северна Македонија најевтина, што го зголемува јазот на 3,7 пати, се наведува во него.
Општо земено, земјите од Западна и Северна Европа имаат повисоки нивоа на цени, додека земјите од Централна и Источна Европа се уште поевтини.
Исланд е за 83,7% поскап од просекот во ЕУ, а Швајцарија е за 81%.
„Овие бројки секогаш треба да се гледаат во комбинација со заработката. Она што е клучно за животниот стандард не е дали цените се високи, туку колку локалната плата може да купи на локалниот пазар – куповната моќ, а не само нивото на цените“, изјави за Euronews Business професорот Роберт Инклар од Универзитетот во Гронинген.
(Kamatica)
(фото: Flickr)



























