Семос Едукација стана официјален партнер на Anthropic и се приклучи на Claude Partner Network (CPN), глобалната партнерска мрежа на компанијата што стои зад Claude, една од најнапредните платформи за вештачка интелигенција во светот.
Ова партнерство претставува значајна пресвртница за Семос Едукација и потврда за нејзината долгогодишна посветеност на развојот на дигиталните вештини, AI едукацијата и имплементацијата на најсовремените технологии во бизнисот.
Claude Partner Network беше лансирана во март 2026 година како официјална партнерска програма на Anthropic, со инвестиција од 100 милиони долари во едукација, техничка поддршка и развој на глобалниот партнерски екосистем.
„Вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој компаниите работат, носат одлуки и создаваат вредност. Нашето приклучување кон Claude Partner Network е природен чекор во мисијата на Семос Едукација да им помогне на организациите не само да ја разберат AI технологијата, туку и успешно да ја интегрираат во своите деловни процеси“, изјави Ирена Ивановска, сениор директор во Семос Едукација.
Како дел од партнерскиот екосистем на Антропик, Семос Едукација дополнително ќе ги прошири своите услуги во областа на:
-AI трансформација и организациска подготвеност
-Едукација на лидери и менаџмент тимови за AI
-Корпоративни програми за AI усвојување
-AI governance и одговорна употреба на AI
-Подобрување на продуктивноста преку AI алатки
-Консултантски и имплементациски услуги за AI решенија
Со повеќе од 30 години искуство во развој на дигитални таленти, Семос Едукација уште од 2019 година активно работи на едукација и имплементација на вештачката интелигенција. Денес компанијата е AI трансформациски партнер кој им помага на организациите успешно да ја применат AI технологијата во своето работење.
„Веруваме дека иднината им припаѓа на организациите кои ќе знаат како да ја претворат вештачката интелигенција во реална деловна вредност. Нашата цел е да бидеме доверлив партнер на тој пат и да им помогнеме на компаниите во регионот успешно да ја спроведат својата AI трансформација“, додава Ивановска.
Со ова партнерство, Семос Едукација го проширува своето меѓународно присуство и дополнително ги зајакнува капацитетите за испорака на современи AI решенија, едукација и консултантски услуги за организациите кои сакаат успешно да ја спроведат својата AI трансформација.




























