Некогаш кафето најчесто се поврзуваше со почетокот на денот. Денес, тоа нè следи во многу различни моменти – на пат кон работа, за време на кратка пауза, во движење, на прошетка или во дружење со пријателите.
Иако културата на пиење кафе се разликува од земја до земја, едно е заедничко: кафето одамна е повеќе од пијалак. Тоа е личен ритуал, повод за разговор и мал момент на уживање во текот на денот.
Со промената на животниот стил се менуваат и навиките на љубителите на кафе. Сè повеќе луѓе бараат избор кој лесно се вклопува во нивното секојдневие и не е ограничен само на домот или кафулето. Покрај класичното еспресо, сè попопуларни стануваат капучиното, макијатото, латето и ладните кафе-пијалаци, кои нудат различно искуство во зависност од вкусот, расположението и моментот.
Токму во овој контекст, готовите кафе-пијалаци, познати и како ready-to-drink, стануваат сè почест избор. Практични се за носење и овозможуваат кафето да биде дел од денот без оглед на тоа каде се наоѓаме – меѓу две обврски, на патување, во канцеларија или за време на попладневна прошетка.
Следејќи ги ваквите современи навики, NERA CAFFÈ е достапно во пет вкусови: Cappuccino, Macchiato, Strong, Almond Latte и Ice Coffee. На тој начин, секој може да го избере вкусот што најмногу одговара на неговиот момент – од кремасто и нежно, до поинтензивно кафе-искуство.
Навиките и трендовите се менуваат, но едно останува исто: доброто кафе и понатаму е повод да направиме кратка пауза и да уживаме во малите секојдневни моменти.



























