Oд сите угостителски услуги, најмногу поскапеле ноќевањата

- Advertisement -

Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се повисоки за 3,2 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Најголемо зголемување е забележано кај цените на ноќевањата, кои во јули годинава се повисоки за 6,7 проценти во однос на јули 2025 година.

- Advertisement -

Според ДЗС, во периодот од јануари до јули 2026 година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 2,9 проценти во споредба со истиот период минатата година. Во однос на декември 2025 година, цените на угостителските услуги се повисоки за 1,1 процент.

Фото – Pick Pik

- Advertisement -