„Парамаунт“ доби зелено светло за преземање на „Ворнер Брос“

- Advertisement -

Владата на Велика Британија денес го одобри планираното преземање на „Ворнер Брос Дискавери“ од страна на компанијата „Парамаунт Скајденс“ во вредност од 110 милијарди долари, проценувајќи дека трансакцијата нема да ја загрози конкуренцијата на пазарот.

Британските власти објавија дека нема да покренат понатамошна интервенција врз основа на јавен интерес, откако „Парамаунт“ даде дополнителни гаранции во врска со понудата на програми и зачувувањето на информативната содржина во Велика Британија, според Ројтерс.

- Advertisement -

Парамаунт има проблеми и од другата страна на Атлантикот поради аквизицијата на „Ворнер“. Во март следната година започнува судски процес во кој дванаесет американски држави го тужат „Парамаунт“ за наводен монопол и се обидуваат да спречат преземање од страна на „Ворнер Брос“.

Извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон, изјави дека компанијата сè уште очекува дека спојувањето со „Ворнер“ ќе биде успешно завршено, но додаде дека компанијата е подготвена за судски постапки доколку не се постигне вонсудски договор.

- Advertisement -

„Парамаунт Скајденс“ вчера објави дека во вториот квартал од 2026 година остварил раст на приходите, но значително послаб профит од очекувањата на аналитичарите. Заработил 6,91 милијарди долари во периодот од април до јуни, што е за еден процент повеќе од претходната година и над очекувањата на аналитичарите од 6,88 милијарди долари.

Во исто време, нето добивката изнесувала само 41 милион долари, или четири центи по акција, што е далеку под пазарните очекувања од 109 милиони долари или девет центи по акција.

- Advertisement -

(Блиц)
Фото – Wikipedia

- Advertisement -