“Визер“ со остар пад на приходите

- Advertisement -

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз Ер“ објави дека во првиот фискален квартал до крајот на јуни, регистрирала нето загуба од 198,2 милиони евра поради високите цени на горивата. Резултатот претставува остар пад во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата оствари профит од 38,4 милиони евра. Индустријата е многу нестабилна поради конфликтот на Блискиот Исток

Вкупните приходи на „Виз Ер“ се зголемија за 5,5 проценти на 1,5 милијарди евра, но конечниот финансиски резултат беше пресудно под влијание на скокот на трошоците за гориво од дури 39,4 проценти, како и поголемата амортизација и негативните курсни разлики.

- Advertisement -

Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) се преполови на 147,4 милиони евра, при што маржата на EBITDA се намали од 21 на 9,8 проценти.

„Индустријата беше исклучително нестабилна во јунскиот квартал поради конфликтот на Блискиот Исток, зголемените цени на горивата и промените во моделите на резервации“, рече извршниот директор на компанијата, Џозеф Варади. Тој нагласи дека компанијата спроведува ригорозни мерки за заштеда.

- Advertisement -

„Преземаме многу строги мерки за сите видови трошоци, како што се службени патувања и сè друго што го сметаме за непотребно“, рече Варади. Покрај горивото, тие се соочуваат и со технички предизвици

Компанијата превезе 21,2 милиони патници во текот на кварталот, што е годишен раст од 25,1 процент, додека зафатеноста остана на високи 90,9 проценти.

- Advertisement -

Процентот на реализирани летови достигна 99,9 проценти, а точноста на заминувањата се подобри на 82,7 проценти, соопшти Визер во извештај на својата веб-страница.

Покрај високите сметки за керозин, Визер се соочува и со технички предизвици, бидејќи 27 авиони на Ербас од нејзината флота се приземјени за итно одржување на моторот од страна на Прат и Витни. Компанијата очекува да ги врати сите засегнати авиони во патничкиот воздушен сообраќај до крајот на 2027 година.

Фото – Pxhere

- Advertisement -