Цените на храната во светот се највисоки во последните три и пол години

- Advertisement -

Глобалните цени на храната сега се највисоки во последните три и пол години, бидејќи летните топлотни бранови и војните во Украина и Блискиот Исток ги зголемуваат трошоците, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) се искачи минатиот месец на највисоко ниво од јануари 2023 година поради повисоките цени на житарките, шеќерот и растителното масло.

- Advertisement -

ФАО ги наведе топлотните бранови како фактор што влијае на приносите на пченица во неколку клучни земји производители, додека цените на шеќерот се зголемија поради стравот од влијанието на топлото, суво време врз приносите на земјоделските култури во Европската Унија и штетите предизвикани од глобалниот временски систем Ел Нињо. Аналитичарите веруваат дека овогодинешниот Ел Нињо, атмосферско-океански феномен предизвикан од промени во насоката на ветерот и температурата на водата во тропскиот Тихи Океан, би можел да биде најсилниот во последните 70 години.

Земјоделците низ Европа предвидоа дека екстремната топлина, сушата и пожарите ќе го погодат производството на храна и ќе ги зголемат цените. Здружението на производители на зеленчук Legum d France (Légumes de France) оваа недела предупреди дека се изгубени илјадници тони производи во вредност од десетици милиони евра, вклучувајќи разни видови зелена салата, моркови, праз, лук и кромид.

- Advertisement -

Ценовниот индекс на ФАО, кој ги следи месечните промени во глобалните цени на храната, покажа дека цените на житарките се зголемиле за 3,4 проценти во јули во однос на јуни, вклучувајќи зголемување од 5,8 проценти на светските цени на пченицата.

Континуираното нарушување на извозните текови во Црното Море и оштетувањето на извозната инфраструктура, по поинтензивната размена на напади од страна на Русија и Украина, ги зголемија цените. Светските цени на пченката се зголемија за 3,6 проценти, што ФАО го припиша на загриженоста за топлото и суво време во делови од американскиот појас за пченка.

- Advertisement -

Поттикнат од емисиите на јаглерод, смртоносниот топлотен бран што ја зафати Европа во јуни се проценува дека однел девет милиони тони пченица, јачмен, пченка и овес. Цените на шеќерот во јули паднаа за 5,6 проценти, што ФАО го припиша на стравувањата за временските услови и новите правила за производство во Бразил. Цената на растителното масло се зголеми за два проценти, што во извештајот се припишува на поголемата побарувачка за биодизел во Индонезија и повисоките цени на суровата нафта.

Војната во Иран, исто така, имаше влијание врз цените на храната во последните месеци, бидејќи околу една третина од вештачкото ѓубриво произведено во светот патува низ Ормутскиот теснец.

Цените на месото паднаа за 2,8 проценти во јули, што е првиот месечен пад оваа година, вклучувајќи ги цените за живина, свинско и говедско месо.

Сепак, високите летни температури ја ограничија стапката на раст на одгледувањето свињи, што донекаде го ублажи падот на цените, соопшти ФАО. Цените на млечните производи паднаа за 0,7 проценти, поради пад од 2,4 проценти на цената на путерот и цената на млекото во прав. Цените на сирењето се зголемија за 1,7 проценти.

Фото – Raw Pixel

- Advertisement -