AirAdvisor спроведе обемно истражување на 23 европски авиокомпании за да утврди кои превозници навистина нудат најдобра вредност за парите. Рангирањето се базира на клучен индикатор во авиоиндустријата – RASK (Приход по километар на достапно седиште), т.е. приходите што компанијата ги генерира по поминат километар и достапно седиште.
Ова вклучува не само рекламираната цена на билетот, туку и дополнителни трошоци како што се багаж и избор на седиште: колку е повисок RASK, толку е поскап летот со таа компанија во пракса.
Досега најскапата авиокомпанија на континентот е норвешкиот регионален превозник Widerøe, со RASK од дури 0,32 евра, првенствено поради летови до далечни локални аеродроми, објавува Bizlife.
Кога станува збор за големи национални авиокомпании, „Бритиш ервејс“ ја држи титулата за најскап (0,0888 евра), по што следат:
Ер Франс (0,0850 евра)
Аустријан ерлајнс (0,0850 евра)
Луфтханза (0,0845 евра)
Ејџиан ерлајнс (0,0839 евра)
На спротивниот крај од листата е унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“, кој официјално е најевтината авиокомпанија во Европа со RASK од само 0,0433 евра. Со избирање на оваа компанија наместо, на пример, „Ер Франс“, патниците на просечни европски линии можат да заштедат до 50 евра по лет.
Најприфатливите авиокомпании во Европа се:
Виз ер (0,0433 евра)
ИзиЏет (0,0521 евра)
Рајанер (0,0556 евра)
Меѓу традиционалните национални авиокомпании, „Финер“ (0,0622 евра) се покажа како најприфатлив избор за патниците.
(B92)
Фотo – Flickr




























