Porsche склучи партнерство со Индијците

- Advertisement -

Германскиот производител на луксузни спортски автомобили Porsche и индискиот технолошки гигант Tata Consultancy Services (TCS) денес потпишаа стратешки договор вреден 1,25 милијарди евра, фокусиран на примена на вештачка интелигенција во автомобилската индустрија. Главната цел на соработката е интеграција на вештачката интелигенција во сите клучни сегменти од работењето на Porsche, од инженерските и производствените процеси, преку оперативните системи, па сè до подобрување на корисничкото искуство, објавува Bloomberg.

Како дел од ова петгодишно партнерство, Porsche се согласи да ја продаде својата германска консултантска фирма MHP на TCS, за проценета вредност на претпријатието од 320 милиони евра. Извршниот директор на Porsche, Михаел Лајтерс, изјави дека продажбата на консултантската компанија MHP е дел од пошироката стратегија на компанијата целосно да се фокусира на својата основна дејност, развојот и производството на премиум автомобили.

- Advertisement -

За TCS, водечка индиска компанија за софтверски услуги, ова преземање претставува значаен чекор кон консолидирање на својата позиција на европскиот пазар. Со аквизицијата на MHP, индиската фирма добива силна позиција во Германија и се позиционира како клучен консултантски партнер за клиенти во автомобилската и индустриската продукција, додава њујоршката агенција.

Се очекува процесот на преземање на MHP да биде завршен во следните три до четири месеци, откако ќе пристигнат сите потребни одобренија од регулаторните тела.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

- Advertisement -