И Дизни најавува отпуштање на илјадници вработени

- Advertisement -

Компанијата „Волт Дизни“ се подготвува да намали илјадници работни места, а од некои директори е побарано да планираат намалување на годишните трошоци за 20 проценти, oбјави „Блумберг“. Заштедите би можеле да се постигнат со елиминирање на работните места, но и со намалување на другите трошоци, рекоа соговорниците кои сакаа да останат анонимни.

Некои делови од бизнисот на Дизни, кои вклучуваат тематски паркови, телевизиски канали и филмско студио, ќе бидат повеќе погодени од другите. Извршниот директор Џош Д’Амаро има намера да реинвестира дел од заштедите во филмска и телевизиска програма, технологија, тематски паркови и крстарења, велат изворите. Компанијата вети двоцифрен раст на прилагодената заработка по акција за тековната фискална година.

- Advertisement -

Дизни ги намали трошоците за милијарди долари и отпушти илјадници работни места во последните години. Намалувањата ги погодија сите дивизии, вклучувајќи ги ABC, Pixar, ESPN, филмското студио и сегментот од бизнисот што вклучува тематски паркови и други искуства за посетителите. На крајот од претходната фискална година, компанијата имаше 231.000 вработени низ целиот свет.

„Волстрит џурнал“ на 1 октомври објави дека „Дизни“ планира да го реструктуира својот телевизиски оддел, како и да ги намали своите правни и глобални операции.

- Advertisement -

Други компании за забава, вклучувајќи ги „Нетфликс“, „Сони пикчерс ентертејнмент“ и одделите на компаниите „Парамаунт“ и „Ворнер Брос“, „Скајденс“, исто така, го намалуваат бројот на вработени поради падот на приходите од традиционалната телевизија и забавувањето на растот на бројот на претплатници на стриминг услугите. Во исто време, тие се соочуваат со зголемено поместување на публиката кон социјалните мрежи, онлајн видео содржините и стриминг услугите поддржани од технолошки гиганти како „Амазон Инк.“ и „Епл“.
На конференцијата „Блумберг Скринтајм“, одржана минатиот месец во Лос Анџелес, претседателката на „Дизни“, Дана Волден, изјави дека „постои потреба постојано да се преиспитува организациската структура и големината на компанијата“.

„Технолошките компании ја насочија нашата индустрија кон себе и ние треба да преживееме, да напредуваме и да растеме – и токму тоа ќе го правиме“, рече Волден.

- Advertisement -

(Biznis.rs)

Фото- Pxhere

- Advertisement -