Huawei подготвува нов подбренд

- Advertisement -

Се очекува Huawei наскоро да претстави нов подбренд, наречен Osta, при што првите два паметни телефони ќе бидат Osta O1 и Osta O1 Pro. Ова го тврдат двајца доверливи извори од кинеската социјална мрежа Weibo, а пренесува GSMArena.

Во октомври се појавија информации дека Huawei подготвува подбренд под кинеското име Xingmang, што во превод значи „ѕвездена светлина“ (Starlight) или „ѕвезден изблик“ (Starburst). Тогаш еден од изворите наведе дека првиот телефон од новиот бренд ќе има широк екран. Исто така, беше напоменато дека ова е само превод, а не нужно и конечното име.

- Advertisement -

Сега, два извори тврдат дека англиското име ќе биде Osta и дека тоа ќе стои на пакувањето на телефонот. Според најавите, првата генерација на уреди ќе припаѓа во категоријата на водечки модели (флегшип). Се очекува Osta O1 да има екран закривен на сите четири страни, како и голем, кружен модул за камерата на задната страна.

Според истите извори, моделот O1 Pro има широк екран, тенки рамки и хоризонтална лента за камерата на задната страна. Уредот ќе поседува рамен LTPS дисплеј од 6,39 инчи со 1.5K резолуција и сооднос на страните 16:9,5, што му дава изглед сличен на Huawei Pura X View.

- Advertisement -

Се очекува O1 Pro да биде достапен во конфигурации со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање, како и во верзии со 12/512 GB, 16/512 GB и 16 GB/1 TB. Наводно, неговите спецификации и цена се во ранг со водечките уреди на Huawei – факт што се поврзува со моментално високите трошоци за мемориските компоненти.

Ова претставува отстапување од претходните тврдења дека телефоните од новиот бренд ќе бидат уреди од средна класа, опремени со чипови од серијата Kirin 8. На прашањето дали Huawei во иднина ќе му отстапи телефони со широки екрани на брендот Osta, еден од упатените одговори дека таквите модели ќе останат дел од понудата на главниот бренд.

- Advertisement -

Информацијата останува неофицијална.

(Klix.ba)

(фото: Pexels/Andrey Matveev)

- Advertisement -