Мадрид го доби првиот 3Д печатен мост за пешаци

- Advertisement -

На 14 декември минатата година во паркот Кастиља Ла Манча јужно од Мадрид официјално
беше отворен првиот 3Д печатен мост за пешаци. Составен е од осум делови и долг околу 12
метра. Секој од деловите се состои од слоеви од фузиран бетон микроармиран со термопластичен
полипропилен. Мостот е првенче на Институтот за напредна архитектура во Каталонија, центар за
истражување и едукација сместен во Барселона каде работи тим од архитекти, механичари и
инженери.

Институтот добил значајна поддршка од компанијата на архитектот Енрико Дини, кој е доста
популарен и познат како „човекот кој печати куќи“. Неговата компанија го вршила монтирањето
на мостот. Имено, Дини го има изработено масивниот 3Д печатач наречен D – Shape, кој е можеби
единствениот печатач кој го лепи песокот во слоеви создавајќи камен. Поради фактот дека 3Д
печатениот мост е прво вакво дело во областа на градежништвото, институтот го именуваше
ваквиот чекор како „пресвртница во градежниот сектор на меѓународно ниво.“

- Advertisement -

Дизајнерите на мостот не ги занемариле ниту потребите на најсовршениот архитект: природата.
При дизајнирањето, институтот го извршил моделирањето според параметри кои ја доловуваат
комплексноста на природните форми, а при тоа оптимизирајќи ја дистрибуцијата на сирови
материјали.

„Изработените дизајни дозволуваат максимизирање на ефикасноста на структурата, со целосна
слобода кога станува збор за формите, при тоа одржувајќи порозност благодарение на
аплицирањето на генеративни алгоритми и предизвикувањето на традиционалните техники на
градење“, стои во изјава од Институтот. Резултат? Помалку отпадоци, поголема стабилност едно
прекрасно дизајнирано дело.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -