Кинези направија соларни панели кои 1/4 од сончевата топлина претвораат во струја

- Advertisement -

Неодамна кинески научници во списанието Science објавија студија наречена „Inactive (PbI2)2RbCl stabilize perovskite films for efficient solar cells“, во која го објаснуваат напредокот во развојот на соларни ќелии на база на перовскајт кои можат да претворат 25,6% од сончевата топлина во струја.

Резултатите од тестирањето потврдиле дека после илјадници саати работа во нормални услови нивните ќелии задржале 96% од способноста за претворање на светлосната во електрична енергија, дури и кога плочите се загреале на 85 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Тие можеле да претворат 25,6% од сончевата енергија во топлина при стандардни услови на мерење, а нешто повеќе – 26,1% ако биле земени предвид само најдобрите резултати. Овој напредок е многу битен ако се знае дека кон крајот на минатиот век соларните ќелии претвораа само 10% од сончевата енергија во електрична. Денешните соларни ќелии на база на силициум претвораат 17%–19% од сончевата светлина во струја, а тие базирани на мо нокристали можат максимум 18%–22%.

Навидум изгледа дека соларните ќелии на кинеските научници не се многу подобри од тие што се користат денес, но во овој случај разликата меѓу 22% и 26% не е 4%, туку 18% (4/22), а тие 18% подобра конверзија се претвораат во милиони киловати кога поефикасните соларни ќелии ќе се најдат на нашите кровови.

- Advertisement -

Другата битна работа е материјалот. Монокристалниот силициум многу скап материјал, додека поевтиниот силициум има цена слична на перовскајт, но неговата ефикасност на конверзија е само 13%–16%,што значи дупло помалку од перовскајт.

(Bug.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -