Беспилотните автомобили на Ford ќе доставуваат пици 

- Advertisement -

Ford сака до 2021 година да има готови беспилотни автомобили, а за да го оствари тоа ќе соработува со познатиот американски синџир пицерии Domino’s. Двете компании ќе ги тестираат паметните автомобили така што ќе работат како доставувачи на пици. Пиците ќе се доставуваат во американската држава Мичиген. За Domino’s ова не е прв пат да се докажуваат со модерни начини на доставување. На пример, во Нов Зеланд компанијата доставува пици со помош на дронови и автономни роботи.

Шериф Маракби, раководител на одделот за автономни и електрични автомобили на Ford, минатата недела ги најави амбициите за соработка со бројни партнери во развојот на беспилотни автомобили со кои че се подобри превозот на луѓето и стоката. Доставата на пици со нивните автомобили е првиот чекор во тој правец.

- Advertisement -

(24 sata)

Сподели!
- Advertisement -