Словенечка компанија прави амбалажа за сокови од кора од лимони и портокали

- Advertisement -

Словенечката компанија за иновации Tecos заедно со партнери од Белгија, Франција и Шпанија работи на развој на технологија за изработка на амбалажа за сокови од нуспроизводи од производството на сокови, односно од кората и пулпата на лимоните, портокалите и мандарините откако плодовите ќе се исцедат за индустриско производство.

„Проектот се вика Citruspack, а за иновативната зелена амбалажа ќе се користата исклучиво цитрусни плодови од покраината Мурсија во Шпанија, кои се одгледуваат на еколошки начин без употреба на штетни препарати“ вели д-р Весна Жепиќ Богатај, која го предводи тимот иноватори на Tecos.

- Advertisement -

Предноста на амбалажата е во тоа што е биоразградлива. Проектот е дел од европската програма Life, а се финансира со средства за иновации кои ја чуваат природата од климатските промени. Целта на проектот е да се искористат 80% од нуспроизводите при производство на сокови од агруми.

(Narod.hr)

Сподели!
- Advertisement -