Кина дава плата од 1 милион долари за некој што ќе го чува новиот џинoвски телескоп

- Advertisement -

Кина на еден интелигентен странец ќе му плати повеќе од милион долари за да управува со најголемиот радиотелескоп во светот. Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope (FAST) се наоѓа во изолираната провинција Гижу во југозападниот дел од Кина. Отвореното работно место е за главен директор за научни истражувања. Работата е резервирана за странец, кој ќе добие грант од околу 1,9 милиони долари за истражување, бесплатно сместување и други поволности.

Мал е бројот на луѓе што можат да конкурираат затоа што кандидатите треба да имаат две децении искуство, како и да имаат работено на други проекти со радиотелескопи и да држат висока позиција во универзитет или институција.

- Advertisement -

FAST е портал до нови откритија. Ова е шанса која се добива еднаш во животот за секој астроном. Сепак, оваа работа не е за научник туку за суперхерој и има негативни страни, велат некои научници. Гижу е најсиромашната и најмалку развиена провицнија во Кина. Иако има природни богатства, има многу малку контакт со надворешниот свет. Бидејќи се побрза со изградбата на FAST, некои опции на телескопот не се тестирани. Кој и да ја добие работата ќе мора да се грижи телескопот да функционира нормално.

Целта на еден ваков телескоп со поголем домет е да се примаат и послаби и подалечни радиосигнали. Телескопот може да ни помогне да барме друг интелигентен живот надвор од планетата Земја и да го истражуваме настанувањето на универзумот.

- Advertisement -

(Newsweek)

Сподели!
- Advertisement -