ВИДЕО: Паметно ѕвонче препознава кој ви стои пред врата

- Advertisement -

Компанијата Nest од Калифорнија го претстави ѕвончето Nest Hello, кое има дури и опција за препознавање лице. Така ќе се чувствувате побезбедни доколку некој странец ви заѕвони на врата. Nest Hello поддржува снимање во HDR, како и снимање во ноќен режим, што е карактеристично и за други уреди на компанијата.

Паметното ѕвонче е опремено со сензори за препознавање лице исто како што имаат безбедносните камери, така што секогаш ќе ги препознава членовите на семејството, пријателите и сите кои често доаѓаат кај вас. На овој начин Nest Hello ќе ве извести доколку пред врата ви стои странец или некој кој не сака за заѕвони.

- Advertisement -

Со Nest Hello исто така можете брзо да им одговорите на тие што ви стојат пред врата и кога немате време за да им отворите или не сте дома. Паметното ѕвонче има и стабилизатор на шумови, така што нема да му пречи бучавата од улица кога разговарате со тој што стои пред врата. Nest Hello може да се поврзе со секој паметен мобилен телефон, на кој автоматски ќе ви се прикаже видео од камерата кога некој ќе заѕвони.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -