Компаниите треба да се подготвуваат за период во кој дигитализацијата на работењето може да зависи од интернет нештата
Распространетоста на Интернет нештата расте константно, а до пристигнувањето на петтата генерација на мобилна мрежа (5Г), се очекува уште чекор напред со неверојатна брзина. Поради тоа, компаниите треба да се подготвуваат за период во кој дигитализацијата на работењето може да зависи од интернет нештата.
За четири години на пазарот се појавиле дури 50 милијарди интернет нешта (IOT) што создава и простор за остварување на брилијантни бизнис резултати. Но само оние најдобрите ќе го добијат најубавиот дел од колачот бидејќи подготовките за дигитална трансформација ги започнале многу порано од останатите.
Со користење на интернет нештата, компаниите и организациите можат лесно да го следат целокупното работење од тоа колку продаваат, производствениот процес, трговијата, трошење на ресурсите, кој од вработените колку е продуктивен итн. Значи, се добива анализа од секаков тип и се менаџира со податоците за да постои поврзаност која можеме само да ја замислиме.
Покрај тоа, се користат и податоци од надвор, односно се мисли на податоци за корисниците, барем за оние до кои постои пристап, како и до податоците кои се јавни и се добививаат од паметните градови. Тоа е една неверојатно количина на податоци која се анализира и може на сите да им биде од корист.
На пример, пристапот на податоци од секаков тип е ист каков што имаат и Google, Microsoft, Facebook и Amazon, иако варира обемот на информации. Преку користење на интернет нештата, секоја компанија може да има ваков пристап, да ги користат информациите кои им се важни, да создаваат профит врз основа на тоа и полесно да ги таргетираат корисниците.
Но треба да се внимава да не се претера, односно не треба компаниите уште од самиот почеток да поставуваат сензори апсолутно секаде и да собираат информации кои не им ни требаат. Но ќе се ангажираат професионалци кои ќе им укажат кои им се целите користејќи интернет нешта и создавање на бизнис план на адекватен начин.
Само на ваков начин, со правилно користење и искористување на потенцијалите на интернет нештата, дигитализацијата ќе им овозможи на компаниите долгорочно функционирање.
(ictbusiness.info)