Традиционално како и секоја година, така и годинава, во Скопје ќе биде одржан натпреварот по роботика и вештачка интелигенција – RoboMac 2017. Натпреварот е во организација на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE (The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers) и Студентскиот парламент при ФЕИТ.
Визијата на настанот е да се популаризира роботиката помеѓу студентите и младите луѓе во Македонија и регионот, а целта е да се иницира и поддржи работата на многу други проекти кои студентите ги имаат во полето на роботиката и вештачката интелигенција.
Регистрирањето за натпреварот е започнато и трае до 2. октомври 2017 година. Заинтересираните можат да се регистрираат преку официјалната веб страница на натпреварот: robomac.mk
Годинешниов RoboMac ќе се одржи од 9. – 14. октомври 2017 година во просториите на ФЕИТ во Скопје.