Рокот за доставување апликации за натпреварот за социјални иновации SIC Impact е продолжен до 30 април

- Advertisement -

Проектот „Смарт старт“ го објави вториот по ред повик за иновативни идеи кои соодветствуваат со Цел 1 и Цел 2 од проектот: поддршка на иновативни идеи од граѓанските организации (ГО), а со тоа и долгорочно зајакнување на финансиската одржливост на избраните организации, како и промоција на иновативен и претприемачки начин на делување на граѓанските организации.

Учесниците во натпреварот имаат можност да освојат грант од  3.500,00 € за нивната претприемачка идеја. Повикот е продолжен и ќе биде отворен до 30 април 2018 година.

- Advertisement -

Какви идеи можат да бидат поддржани?

Проектот „Смарт старт“ бара претприемачки иновации во производството, заштита на животната средина, технологии, услуги и модели кои може да придонесат кон решавање на општествените проблеми на локално или национално ниво.

- Advertisement -

Иновациите може да се однесуваат на било кој аспект од следново, но нема строго ограничивање за останати идеи: образование и стекнување вештини, вработување и претприемништво, заштита на животната средина, создавање нови технологии или предлози за паметно користење на постоечките технологии за општествена корист, генерирање нови решенија или пристапи за општествени промени во поглед на иднината.

Oвој повик е отворен за граѓанските организации, неформални групи на граѓани во рамки на граѓанските организации и индивидуалци кои соработуваат со граѓанските организации. При тоа, грантот може да се додели само на граѓанските организации како правно лице. Грантот не може да се додели на лична сметка на индивидуалци или иницијативи.

- Advertisement -

На повикот не може да аплицираат граѓанските организации кои се веќе дел од програмата „Смарт старт“, индивидиуалци (физички лица) и неформални мрежи.

Во неколку фази на селекција ќе бидат избрани пет организации односно прогласени победници ќе бидат наградени. За повеќе информации за програмата и како да аплицирате, посетете го следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -