Таблети кои ќе ве „излечат“ од пиењето ќе се најдат на пазарот до 2020 година

- Advertisement -

Arbaclofen placarbil е таблета која веројатно ќе се најде на пазарот до 2020 година, а ќе им помогне на луѓето да намалат со пиењето

Седнувате да го допиете отвореното шише вино со вечерата само затоа што е отворено и не сакате да пропадне? Во иднина тоа нема да ви се случува затоа што ќе има таблети кои ќе ве одвикнат од пиење алкохол. Arbaclofen placarbil е таблета која веројатно ќе се најде на пазарот до 2020 година, а ќе им помогне на луѓето да намалат со пиењето.

Производителите на таблетата велат дека ќе биде пред се наменета за луѓето кои често ги надминуваат препорачаните дози алкохол, но не признаваат дека имаат проблеми со пиењето. Според податоците на националниот институт за злоупотреба на алкохолот и алкохолизам од САД, еден од 8 Американци сека се алкохоличари. Во Велика Британија околу 9% од возрасните мажи и 4% од жените се зависни од алкохол. Според Светската здравствена организација, на светско ниво 3,3 милиони луѓе годишно умираат поради злоупотреба на алкохол. Тоа е 5,9% од вкупниот број на смртни случаи, додека кај младите на возраст од 20 до 39 години речиси кај една четвртина од смртните случаи причина е алкохолот.

- Advertisement -

Таблетата-чудо функционира така што влијае врз делот од мозокот кој создава задоволство кога се консумира алкохол. Досегашните лекови делуваа така што ги блокираа ефектите на алкохолот врз рецепторите на мозокот. Засега нема детали точно кога ќе биде достапна и дали ќе треба да се испие само една за да делува или ќе се прима препорачана доза. Истражувачите во новиот центар за истражување и развој во Хал, Велика Британија, моментално ја доработуваат комерцијалната верзија откако тестовите спроведени во САД покажаа позитивни резултати. Освен што ќе им помага на алкхоличарите да останат трезни, од компанијата се надеваат дека таблетата ќе го намали внесот на алкохол и кај другите луѓе кои имаат проблеми со алкохолот.

(Daily Mail)

Сподели!
- Advertisement -