Google ќе помага во борбата против депресија

- Advertisement -

Сите што на Google ќе пребаруваат информации за депресија отсега ќе добиваат посебен прашалник. Многу малку луѓе кои страдаат од депресија навреме добиваат соодветна помош, па Google одлучи да ги преземе работите во свои раце. Google отсега има медицински потврден анонимен прашалник кој кај испитаниците бара знаци на клиничка депресија, а ќе го понуди на сите кои во пребарувачот ќе внесат поими врзани за депресијата.

Резултатите од прашалникот не можат со стопроцентна сигурност да потврдат дали некој има депресија или не, но ќе дадат корисни информации кои корисниците потоа может да им ги пренесат на своите доктори. Воведувањето на прашалникот има за цел да ја поидгне свеста за постоењето на депресијата и е дел од едно пошироко делување на големите интернет компании кои сакаат да понудат корисни и потенцијално клучни информации за менталното здравје.

- Advertisement -

Така, на пример, во Facebook тестираат вештачка интелигенција која може да открие склоност кон самоубиство, додека на Instagram од неодамна нудат поддршка за корисниците чии пријатели пријавиле загрижувачки објави. Не е познато како ефекти ќе има прашалникот и дали ќе биде подобар од информациите кои може да се добијат со регуларно пребарување, но времето ќе покаже колку че биде корисен за колективното ментално здравје.

 

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -