Tesla ќе испрати стотици Powerwall батерии во Порторико

- Advertisement -

Tesla истапува во пресрет на Порторико и ќе помогне во закрепнувањето од ураганот Марија – компанијата ќе испрати стотици батерии Powerwall во државата со 3,5 милиони жители која упте нема струја. Бидејќи за целосно воспоставување на електричната мрежа ќе бидат потребни неколку месеци, системите за складирање енергија Powerwall, кои може да се комбинираат со соларни панели, може да бидат суштински за враќање на безбедноста и стабилноста на островот.

Powerwall е батериски систем на Tesla кој може да складира енергија собрана во текот на денот и соларната енергија може да се користи дури и ноќе. Некои од батериите Powerwall веќе пристигнаа во Порторико, а некои ќе стигнат допрва. Вработените на Tesla се на островот и работат на инсталацијата во соработка со локални групи кои ги бираат најдобрите локации за имплементација на системите. Освен тоа, соосновачот и извршен директор на Tesla, Илон Маск, лично донираше 250.000 долари помош на Порторико.

- Advertisement -

Пред ураганот во Порторико, Tesla асистираше при евакуацијата на Флорида додека се наближуваше уарагнот Ирма. По барање на еден сопственик на автомобил Tesla, кој сакал да се евакуира од домот во Флорида,но бил загрижен за способноста на колата да помине толкаво растојание, Tesla пушти надградба за софтверот со што се зголеми досегот на автомобилот.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -