Google направи решение за децата безбедно да ги користат паметните телефони

- Advertisement -

Кога на детето ќе му дозволите да работи на паметен телефон зависи од многу фактори како родителите и самото дете, но голема улога игра и оперативниот систем и неговата бeзбедност. За паметните телефони да бидат побезбедни за користење за децата Google го направи сервисот Family Link, кој овозможува и помалди од 12 години да ги користат услугите на Google. Досега Family Link се тестираше кај ограничен број корисници, но отсега е достапен за сите корисници во САД.

Family Link им овозможува на родителите да го ограничат користењето на паметни телефони на децата. Можат да определат колку часа ќе го користат паметниот телефој, кои апликации може да се инсталираат и кга телефонот ќе стане недостапен. Родителите можат и да го лоцираат паметниот телефон, да г заклучат ако е изгубен односно да ја ресетираат лозинката ко детето го заборави некаде, а можат да видат и која апликација најмногу ја користи детето во текот на денот.

- Advertisement -

Од Google се надеваат дека Family Link ќе им помогне на родителите да постават одредени дигитални правила за децата без да навлезат во нивната приватност. Засега Family Link е достапен само во САД, од Google најавуваат ширење на услугата и во други земји во светот.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -