Покрај тоа што е во самиот врв меѓу градовите со најдобри услови за живот и најголем универзитетски кампус на германско говорно подрачје со повеќе од 200.000 студенти, сега Виена оди чекор понатаму и тежнее да стане дигитална престолнина на Европа. Оваа констатација беше донесена на конференцијата “DigitalDays 2017” во Виена.
„Технологијата и дигитализацијата нудат многу можности за градот и за жителите од сите старосни групи. Мора да се бориме против дигиталната неписменост, а дигитализацијата не смее да биде проект само за елитата. Дигиталното образование е битен елемент за опстанок на пазарот на труд“, изтајна градоначалникот на Виена, Михаел Хојпл, на отворањето на конференцијата.
Според него, за самиот град од посебна важност е новиот вид соработка помеѓу компаниите и јавната управа, поради што програмирањето ќе биде активност која во иднина ќе биде уште побитна. ИТ компаниите кои учсетвуваа на конференцијата укажаа дека постои постојана потреба за квалификувана работна сила.
Иницијативата DigitalCity Wien е основана во 2014 година од страна на претприемачи и управата на Градот Виена како последица на недостатокот на стручен кадар, а со цел Виена да стане лидер на дигиталната сцена во Европа. Оттогаш се спроведени бројни проекти – Жените во ИТ, Дигитален салон, Industry meets Makers, Blockchain, иницијатива за бегалците итн.
(B92)