Првата конференција за примена на вештачката интелигенција во бизнисот ќе се одржи во Загреб на 5 и 6 октомври во организација на агенциите EVENTE01 и DRAP. На конференцијата свој увид во актуелните трендови на полето на вештачката интелигенција ќе понудат некои од водечките луѓе од индустријата и од академската заедница од целиот свет, а и многумина кои со тоа се занимаваат на територијата на Хрватска.
Развојот на вештачката интелигенција е незапирлив, а импликациите на нашиот секодјневен живот се неизбежни, па затоа растат и инвестициите во примена на вештачката интелигенција во бизнисот. Токму затоа постои потреба бизнис, академската и јавната заедница навреме да се вклучат во новата револуција, а тоа е и причината за организација на конференцијата. Таму ќе бидат прикажани најважните трендови и моменталната примена во услужната дејност, здравствената дијагностика, транспортот, јавната безбедност, сервисната роботика, образованиетот и забавата, но и полињата каде наскоро примената на вештачката интелигенција ќе ги смени бизнис моделите.
„Заедницата на луѓе кои се занимаваат со ова толку поранса што годинава се бараше место повеќе на средбите што ги организиравме. Тоа е една од причините што не поттикнаа да организираме конференција. Ескперите за машинско учење и вештачка интелигенција моментално се најбарани и најплатени во Силиконската долина, нп и понатаму ги нема доволно за да ги задоволат амбициите и плановите на најголемите компании во светот. Се надеваме дека оваа конференција ќе ги поттикне експерите од природните и техничките науки да се доедуцираат затоа што отенцијалот за примена во сите индустрии е исклучително голем“ истакна Давор Руње од DRAP.
Од Италија на конференцијата доаѓа Берардо Мањини, автор на 170 научни трудови за компјутерска лингвистика. Манос Цакигас од 904Labs од Холандија ќе зборува за употребата на вештачката интелигенција во пребарувањето. Марк Тор од Microsoft ќе зборува за иднината на масовната употреба на AI технологијата во сите сфери на бизнисот, додека Торстен Греслинг од Германија ќе даде поширок поглед на АI технологијата низ призмата на политиката и општеството. Освен светските експерти, на конференцијата ќе зборуваат и мнгоу експерти до Хрватска. Повеќе информации за конференцијата може да се најдат на www.ai2future.com
(tportal.hr)