Љубителите на велосипедизмот сериозно можат да размислат за инвестирање во Copenhagen Wheel, односно паметно тркало за велосипед со кој секој велосипед станува паметен и електричен. Наменет е за сите кои често ги користат велосипедите за пробивање низ градскиот метеж и им треба дополнителна помош на подолги релации.
Сензорите, батеријата и електричниот мотор во Copenhagen Wheel работат заедно за на велосипедот во вистински момент да му дадат дополнителна знага и брзина. И тоа речиси незабележително, ако им веруваме на трвдењата на стартапот Superpedestrian, кој го прави овој интересен уред.
Copenhagen Wheel доаѓа во комбинација со апликација за паметни телефони, која служи и како дигитален клуч со кој се вклучува односно исклучува електричниот погон. Памертниот телефон се користи и како детектор за какви било неправилности во работата на електричниот мотор за велосипедистот да биде сигурен дека се е исправно.
Самото тркало тежи 7,6 килограми и може да се монтира на речиси секој велосипед. Со моторот со моќност од 250 W се постигнува максимална брзина од 25 км/ч, а има домет од 50 километри. Од Superpedestrian истакнуваат дека нивната батерија може да издржи до 1.000 циклуси на полнење, а се полни во текот ан кочењето, како и со приклучување во класичен штекер. Потребни се само 2 часа за да се наполни до 80%, додека за целосно полнење потребни се 4 часа.
Copenhagen Wheel може да се нарача и во Европа и тоа по цена од 1.499 долари, ддека целиот велосипед што го произведуваат чини 1.999 долари и засега е достапен само во Северна Америка.
(Zimo)