Вашето лице ќе ги замени билетите за метро

- Advertisement -

Технолошка компанија тестира концепт кој ќе им овозможи на луѓето да патуваат со помош на технологија за препознавање лице. Компанијата CUBIC од Сан Диего г тестира концептот „fastrack gateless gateline”, кој на патниците со метро ќе им овозможи да го прескокнат делот за купување билет и наместо тоа да платат со помош на препознавање на лицето.

Пгрограмата има за цел да ги намали гужвите така што патниците ќе поминуваат низ портите до возот со едноставно скенирање на лицето и без застој. Околу 65 до 76 луѓе ќе можат да поминат низ една порта во текот на една минута, ќе се елиминираат редиците и неефикасноста на физичките билети. Доколку низ коридорот се обиде да помине некој кој не латил билет, ќе се запали црвено светло за да ги алармира вработените.

- Advertisement -

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -