Lufthansa авионите ги претвора во места за одржување презентации и говори

- Advertisement -

Кога летате со авион можете да изберете од повеќе начини да се занимавате и да ви помине времето: да работите, да гледате некој филм тин. Летањето дури може да ве поттикне да бидете покреативни од вообичаено. Германскиот авиопревозник Lufthansa сака да понуди нова опција за патниците во форма на жива забава преку новата програма наречена FlyingLab. Тие планираат да ги користат авионите за организирање настани со посебни гости фокусирани на дигиталната иднина.

Со FlyingLab патниците ќе имаат опција да се вклучат во програмата за време на летот. Lufthansa ќе постави студио на авионот и ќе емитува директно до секое седиште. Гостите ќе зборуваат и потоа ќе има отворена сесија за секој што сака да испрати прашање на темата. Некои од настаните ќе вклучуваат демонстрирање на нови технологии како виртуелната реалност и роботите.

- Advertisement -

Остатокот од летот нема да се смени освен опремата за студиото, за кое опремата ќе биде поставена во секој авион за да не мора настаните да се организираат само на еден авион, туку да се менуваат. Програмите нема дополнително да ги чинат патниците, иако од Lufthansa истакнаа дека повеќе патници сега патуваат со компанијата затоа што се заинтересирани за темите и за говорниците.

Поради големиот интерес, и други авиопревозници работат на слични идеи или на уникатни начини за забавување на патниците. Првиот лет со FlyingLab беше во јуни 2016 година, но програмата беше конципирана две години претходно. Засега Lufthansa го нема најавено следниот лет со  FlyingLab.

- Advertisement -

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -