Илон Маск и најголемиот производител на чипови AMD заедно ќе работат на автономните возила

- Advertisement -

Како и најголем де од работите кои ни се достапни и автономните автомобили почнавме да ги сфаќаме здраво за готово. Иако технологијата е релативно нова и не е стандард, треба да се потенцира дека автономните возила трошат многу снага од процесорот и општо за извршување на сите операции потребни за безбедно учество во сообраќајот. Tesla, како еден од предводниците на новите технологии во автомобилската индустрија, склучи партнерство со еден од најпознатите производители на чипови и процесори во светот – AMD.

AMD заедно со Teslа идната година ќе произведе автономен чип токму за компанијата која ги прави најпожелните беспилотни возила во светот. Досега Tesla соработуваше со Nvidia, која моментално е фокусирана на својата соработка со Toyotа, Audi и Volvo, додека Intel објави дека своите процесори ќе ги дистрибуира исклучиво за Alphabet Waymo. Маск засега ниту ја потврди ниту ја негираше соработката со AMD.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -