Porsche ќе воведе претплата за корисниците што ќе им овозможи пристап до повеќе спортски автомобили и теренци. Претплатата ќе изнесува 2.000 долари месечно. Таканаречениот Porsche Passport ќе стартува во ноември во Атланта, САД. Автомобилскиот гигант вели дека на овој начин со помош на апликација луѓето ќе имаат пристап до различни автомобили со флексибилен распоред.
Резултатите од пилот програмата во Атланта ќе одредат дали усугата ќе се прошири на други пазари. Со месечната претплата од 2.000 долари луѓето ќе имаат пристап до моделите 718 Boxster, 718 Cayman S и шест други модели Porsche. Поскапата претплата од 3.000 долари месечно отвора пристап до 22 модели на Porsche, меѓу кои и Cayenne E-Hybrid.
Во претплатата за Porsche Passport се вклучени даноци и регистрација, осигурување, одржување. На почеток се плаќаат плус 500 долари за активација на услугата, а корисниците на iOS и Android уште истиот ден можат да ја симнат апликацијата и со Porsche Passport да договорат кои автомобили ќе ги возат и кога.
(The Verge)