Денеска во Берлин се презентираше реална употреба на 5G технологијата!

- Advertisement -

Денеска во Берлин се случи технолошка револуција. Пред новинари од цела Европа и пред технолошката јавност беше презентирана новата 5G технологија во реална средина, а не во лабораториски услови!

Од Берлин ексклузивно- Верица Јорданова

- Advertisement -

Четири радио-ќелии на мрежата на Дојче Телеком денеска ја демонстрираа иднината на комуникациите. Антените поставени во Берлин се првите во Европа кои функционираат со 5G конекција во реални услови.

Во центарот на Берлин во живо, а не во лабораторија покажуваме како работи 5G. Ова е многу битен чекор кон глобалното лансирање на 5G, кое е планирано за 2020 година. Доколку се е поврзано со се, на корисниците ќе им треба високо функционална, стабилна и безбедна мрежа. Особено индустријата ќе има бенефит од новата технологија поради широката примена. Ние сме подготвени за 5G“ вели Клаудија Немат, член на Одборот за технологија и иновации во Deutsche Telekom.

- Advertisement -

Новата 5G мрежа достигнува брзина од над 2 гигабита во секунда до краен корисник и заостанување на преносот на информации  од само 3 милисекунди. Токму брзината на пренос и малото заостанување се клучните карактеристики на 5G, технологија на која се посветени  иновативните капацитети на Дојче Телеком во моментов. Од компанијата најавуваат дека комерцијално новата технологија во Европа ќе биде во употреба во 2020 година. Дотогаш ќе се прават тестирања, вклучително и на Олимписките игри во Јужна Кореа во 2018 година.

- Advertisement -

Презентација на примена на 5G во реални услови

Засилената и виртуелната реалност ќе имаат вистинска корист од брзината и малото застанување на 5G. На презентацијата во Берлин особено беше ставен акцент на живиот пренос на видео со ултрависока резолуција преку 5G NR до уред за виртуелна реалност. Како што е гледа на сликата подолу 5G може да се користи со уреди за засилена реалност, на пример, при обука на работа за техничари. Разликата со сегашниот Интернет е што 5G има помало заостанување и со тоа исчезнува мачнината која може да се појави при користење на вакви уреди.


5G е многу повеќе од некаков иден комуникациски стандард. 5G е идниот телекомуникациски стандард кој ќе ја обедини мобилната и фиксната мрежа. Новата мрежна архитектура и дизајн исто така ќе одиграат битна улога. 5G мрежите ќе бидат контролирани од софтвер, и ќе може да се програмираат и менаџираат од почеток до крај. Така ќе се креира платформа за многу различни услуги.

5G New Radio во Берлин е првиот битен чекор кон 5G за целиот свет. Кога ќе се дефинира стандардот и кога ќе може да се користи, во 2018 година ќе почнеме со поставување на основите за поголема мрежа. Дојче телеком го предводи развојот на технологијата во Европа и ја демонстрира својата иновативна моќ“, изјави главниот директор за технологија на Дојче Телеком, Бруно Јакобфјорборн.

За презентацијата во Берлин беше користен спектар на фреквенции од вкупно 3,7 гигахерци и опрема на Huawei. Развојот на 5G технологијата е во партнерство со Huawei при што се користи нивната опрема.

Каде е Македонија во целава приказна?

На прашањето на Иновативност, кој имаше ексклузивна можност да присуствува на овој настан во Берлин, „Што ќе значи 5G за мали земји како Македонија?“ Клаудија Немат рече:

“Придобивките од 5Г технологијата се исти како за големите така и за малите земји во однос  на олеснување на бизнис операциите. Македонија треба да го извлече максимумот од оваа технологија како што тоа го направи кога стана првата земја во Европа со технологија целосно базирана на Интернет протокол”.

Практично 5G технологијата ги брише разликите меѓу земјите, меѓу компаниите и им дава компаративна предност на глобалниот пазар со користење на новата технологија.

Македонија е земја која држи чекор во примена на новите телекомуникациски технологии. Минатата недела, Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа од над 500 Mbps за симнување (download). Се планира во наредните години со инвестиции од над 60 милиони евра овие брзини да бидат достапни за сите корисници.

Основен услов за развој на 5G технологијата е развој на оптичката мрежа во една земја. Во овој контект Македонски Телеком постојано ја шири и развива оваа инфраструктура што е основен предуслов за идна имплементација на 5G.  Со оглед на амбициозните планови на компанијата за развој на оптичката мрежа во следните години повеќе од извесно е дека влезот на 5G најавен за 2020 година, Македононија ќе го дочека подготвена.

Сподели!
- Advertisement -