Српската влада очекува да креира десет илјади работни места преку својот заеднички проект со China Road and Bridge Corporation (CRBC) за изградба на индустриски парк во Белград, изјавил српскиот министер без ресор задолжен за иновации Ненад Поповиќ.
Проектот има цел да ги задржи младите инженери во Србија и да го забрза економскиот и технолошкиот развој на земјата. Проекциите се дека Белград ќе стане паметен индустриски центар кој ќе го олесни развојот на нанотехнологијата, биотехнологијата и примената на иновациите и информатичките системи во индустријата, додал министерот.
Проектот за белградскиот индустриски парк предвидува изградба на зелени згради, кои ќе бидат еколошки и економски ефикасни.
Од српската Влада изјавиле дека планираат инвестиција од околу 300 милиони евра во изградбата на индустрискиот парк во Белград заедно со кинеската корпорација. Се очекува градежните работи да започнат во 2018 година и да бидат финансирани од Export-Import Bank of China, China Construction Bank and China Development Bank.
(SEE News)