Италијанска компанија ќе гради зелен Шангај на Марс

- Advertisement -

Како ќе изгледа Шангај за 100 години отсега?

Некои песимисти велат дека кинеската метропола ќе потоне под вода поради растечкото ниво на морињата и океаните. Како одговор на тоа италијанската компанија Stefano Boeri Architects, кои ги градат вертикалните шуми во Кина, во соработка со Кинеската вселенска агенција и Градската лабораторија од иднината на Универзитетот Тонгџи направија концепт за шангајска колонија на Марс. Колонијата ќе го носи името Vertical Forest City и овој нов Шангај ќе користи екосистемски семиња за да „пушти корени“ на Црвената планета.

- Advertisement -

Визијата на Stefano Boeri зе базира на идејата екосистемски семиња, односно џиновски садови во кои ќе биде поставена инфраструктура за вертикален зелен град и атмосферски гасови неопходни за живот. Проектот го носи името Vertical Forest Seeds on Mars и неодамна беше претставен на најновото издание на најбитниот саем за урбано планирање, архитектура и јавна уметност во Шангај, Shanghai Urban Space and Art Season. Тримесечната изложба насловена „This—CONNECTION—sharing a future of public space“ се состои од различни проекти од ументоста, архитектурата, урбаното планирање и дизајнот со заедничка тема – иднината на градовите.

- Advertisement -

Посетителите можат да го видат и да го искусат проектот Vertical Forest Seed on Mars преку засилена реалност и инсталацијата на изложбата или преку онлајн софтвер. Stefano Boeri ќе го претстави и проектот RADURA, односно инсталација која функционира како антена во рамките на Vertical Forest Mars Seed  за добивање информации од минатото, сегашноста и иднината.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -