Нафтената компанија Газпромнефт објави дека открила наоѓалиште со резерви од 55 милиони тони нафта во руската арктичка зона на Јамало-Ненецкиот автономен округ.
Прес-службата на руската компанија соопшти дека ова е најголемото откритие во Јамал во последните 30 години.
Наоѓалиштето е откриено во рамките на полињата Јужно-Новопортовски и Салетински во регионот Јамал.
Именувано е по рускиот научник и геолог Алексеј Конторович. Планирани се понатамошни истражувања на локацијата, а врз основа на добиените податоци, ќе се развие програма за развој на нови наоѓалишта, објасни компанијата.
„Ова откритие потврдува дека базата на ресурси на нашата земја е далеку од целосно искористена“, рече претседателот на одборот на Газпромнефт, Александар Дјуков.
Тој додаде дека откритието ќе помогне во остварувањето на целите на енергетската стратегија на Русија до 2050 година.
(Kamatica)
(фото: Wikimedia)





























