Како да почнете голем бизнис во мал град?

- Advertisement -

Сонувате ли да ја напуштите работата во канцеларија во метропола и да се вратите во родниот град, каде што ќе отворите продавница за антиквитети, винарница или продавница за сирење? Не сте сами. Многумина кои сакаат да станата претприемачи размислуваат да почнат свој бизнис во мал град.

Една студија покажува дека почнувањето бизнис во мал град има позитивни и негативни страни. На пример, студијата покажува дека претприемачите во малите градови имаат помали трошоци за живот и помала конкуренција, но од друга страна, имаат ограничена клиентела и избор за барање вработени. Во истражувањето биле вклучени повеќе од 1.200 градови со 25.000 до 100.000 жители и се анализираат врз база на три фактори:

-бизнис средината (просечен раст на мали бизниси, просечни приходи по бизнис, број на стартапи по жител)
-пристап до ресурси (финансии, инвеститори, вработени)

- Advertisement -

-трошоци (трошоци за живот, корпоративни даноци, изнајмување простор, трошоци за вработени).

Дали малиот град е вистинското место за вас? Кога одлучувате каде ќе го лансирате бизнисот најбитните фактори кои треба да ги земете предвид се оние кои вам ви се битни. На пример, доколку сакате да почнете бизнис за кој луѓето ќе мора да доаѓаат во вашата физичка продавница, како, на пример, ресторан, цената за изнамјување простор е еден од најголемите фактори во вашата одлука. Од друга страна, доколку стартувате технолошки бизнис кој ќе опслужува поголема територија, повеќе треба да ве загрижува каде ќе најдете квалификувани работници.

- Advertisement -

Еве некои прашања што треба да си ги поставите пред да отворите бизнис во мал град.

1.Колкава помош нуди градот за сопствениците на мали бизнис? Дали има даночни и други олеснувања за секој што почнува бизнис или отвора претставништво таму? Кои организации за економски развој, вмрежување и поддршка се достапни за сопствениците на бизнис?

- Advertisement -

2. Колку е оддалечен градот од најблиската метропола и каква е сообраќајната поврзаност? Доколку е блиску да возите со автомобил до метрополата, можете да уживате во благодетите на двата света: мирниот живот во мал град и ниските трошоци, а истовремено да имате пристап до поголема клиентела и добар транспорт за производите или за бизнис патувања.

3. Како изгледа базенот од кој ќе бирате вработени? Дали ваштините што ги поседуваат кандидатите се тие што ви се потребни? На пример, доколку почнувате производен бизнис во град каде што се затвориле повеќе производни бизниси сигурно ќе имате голем избор за вработување.

4. Дали има колеџ или универзитет во близина од каде што можете да земате обучени, но неискусни вработени? Доколку ви требаат вработени со посебни вештини, размислете да склучите партнерство со локални колеџи и универзитети.

5. Колку пари ќе ви бидат потребни за стартување бизнис? Доколку пристапот до пари ве загрижува или ви треба значителна сума капитал, најдете средства пред да појдете во малиот град или истражете како да привлечете капитал во градот.

Најпосле, не претпоставувајте дека само затоа што бизнисот го стартувате во мал град ќе треба минимално да се трудите за да опстанете. Вашиот бизнис е многу позабележителен во еден мал град отколку во метропола, па сите грешки што ќе ги направите нема да останат незабележани и тешко ќе ги поправите. Освен тоа, само затоа што сте единствениот таков бизнис во градот не значи дека ќе успеете. Во својот бизнис вложете исто толку труд и енергија како да работите во метропола, а заедницата ќе ве награди со успех.

(AllBusiness)

Сподели!
- Advertisement -