Младиот иноватор Мате Римац ги советува идните претприемачи: Идејата е безвредна, еве што ви треба!

- Advertisement -

Претприемничкиот инкубатор за висока технологија наскоро ќе почне да се гради во Сплит. Тоа е најголемиот сплитски проект кој речиси целосно е финансиран од европски фондови. Многу млади претприемачи тука ќе добијат шанса за развој, а еден од менторите таму ќе биде основачот и извршен директор на компанијата за автомобили Rimac Automobili од Загреб, Мате Римац.

Римац, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека неговата компанија размислува да отвори канцеларија во Сплит. „Во Загреб тешко наоѓаме луѓе. Нема искуство од автомобилската индустрија. Ние мора да го градиме, така што ќе почнеме да отвораме канцеларии на други места и една од можните локации е Сплит“.

- Advertisement -

Римац даде и совет за младите претприемачи и тие кои допрва ќе се впуштат во бизнис светот: „Советот кој можат да им го дадам е дека идејата сам по себе е безвредна. Тоа некако луѓето кај нас перципираат дека идејата е многу битна. Со идејата ќе стигнаш на половина пат, но таа идеја е 1% од работата. Потребно е 100% одрекување од животот, работа од утро до вечер“.

Инкубаторот за висока технологија треба да биде готов до почетокот на 2020 година.

- Advertisement -

 

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -