Тој не се бричи, тушира ниту користи јавен превоз, но неговиот стартап вреди 2 милијарди долари!

- Advertisement -

Секое утро, Џејсон Венк се буди во 5 часот наутро во својата куќа во Калифорнија и прво нешто што зема во раце е чоколадо, шише вода и својот iPad на кој веднаш ги проверува берзите во Азија и Европа, додека го чека отворањето на берзите во САД. Во друга временска зона, неговите 60 вработени започнуваат со работа во неговата компанија FormulaFolio Investments чие седиште се наоѓа во американската сојузна држава Мичиген.

Во повеќето денови Венк не се бричи, не се тушира и не користи јавен превоз, но не станува збор за мрзелив човек. Тој вели дека не правењето на овие монотони секојдневни работи му помогнало да ја развие својата компанија која произведува софтверска платформа за финансиски советници и менаџирање на финансии базирана на алгоритам. Неговата компанија беше рангирана на 10. место на листата Inc. 5000 за најбрзорастечки компании во САД. Основана во 2011 година, во 2016 година компанијата успеа да оствари годишен приход од 17,2 милиони долари.

- Advertisement -

Венк не завршил факултет, но станал сертифициран финансиски советник и после повеќе години работење во индустријата, сфатил каде лежи проблемот во потешкотиите со водење финансии: човечкиот фактор!

„Проблемот со луѓето е тоа што тие се разболуваат, имаа фамилијарни проблеми, се пензионираат, доцнат на работа или стануваат алчни. Не постои начин да ги менаџирате финансиите на 100 клиенти рачно и постои премногу простор за грешка“, вели Венк.

- Advertisement -

Компанијата го забележала најголемиот раст кога некои финансиски советници, на конференција во 2013 година, го прашале Венк дали може да го користат неговиот алгоритам и платформа за портфолијата на нивните клиенти.

„Ние сме роботски советник за финансиските советници.“, вели Венк за групата финансиски советници кои се стремат кон тоа да го исфрлат човечкиот фактор од водењето на финансии.

- Advertisement -

Денес, неговите алгоритми користат т.н. тактичка распределба на средства што значи дека системот автоматски ги распределува средствата на одреден клиент помеѓу пазари и берзи во зависност од подготвеноста на клиентот за ризик. Целиот процес е автоматизиран, со тоа што алгоритмот одлучува што клиентот треба да поседува и кога да купува и продава акции. Венк и неговите вработени потоа ги спроведуваат трансакциите.

Сертифицираните финансиски советници можат да го користат софтверот бесплатно доколку оперираат со средства над 3 милиони долари, инаку користењето на софтверот чини 200 долари месечно. Моментално, околу 250 финансиски советници ширум САД го користат софтверот за да менаџираат портфолија на околу 10 000 клиенти. Вредноста на компанијата на Венк е проценета на 2,1 милијарда долари во средства.

Експертите велат дека ваквите платформи ја олеснуваат многу работата на финансиските советници бидејќи скоро 50% од нив не успеваат да ги изменаџираат инвестициите на нивните клиенти.

(Inc.com)

Сподели!
- Advertisement -