Три прашања кои треба да си ги поставите пред да изберете бизнис партнер

- Advertisement -

Без оглед на тоа каков бизнис стартувате, наоѓањето соосновач или партнер не е мал чекор. Следниот пат кога ќе сакате да испробате некоја идеја, имајте ги на ум овие совети за пред, за време на и по наоѓањето партнер

Почнувањето бизнис не е лесно, а не е лесно ни да најдете совршен бизнис партнер. Како ќе знаете дека сте го нашлевистинскиот партнер? Искрено, многу тешко. Потенцијалните кандидати може да имаат страст и талент, кои ги барате од еден партнер, може да ви бидат и најдобри пријатели, но многу повеќе работи треба да се земат предвид пред да се одлучите некого да го направите партнер.

За еден здрав бизнис однос мора да има длабока доверба и посветеност и може да биде многу повеќе легално обврзувачки отколку бракот. Одлуката заслужува многу размислување и внимание, а вие треба да се осигурате дека сте го избрале вистинскиот човек за работата.

- Advertisement -

Самиот процес знае да биде досаден и долг, треба да се посвети доста време и да се мисли на се. Проценката на некого не застанува со давањето понуда. Всушност, треба да продложите да ја анализирате личноста за која ќе се одлучите и по носењето на одлуката. Кога ќе тргнувате на наредниот бизнис подвиг или откако сте избрале бизнис партнер, имајте ги на ум следните три прашања.

Пред—Дали би ја избрале баш таа личност за ваш законски бизнис партнер?

- Advertisement -

Мислите дека сте го нашле совршениот човек за задачата. Откако ќе ја дадете својата понуда, набрзо ќе видите дека бизнис партнерството вклучува многу повеќе анализа и потпишување документи отколку што е случај со брачниот партнер. Тогаш треба да застанете и да се запрашате следното: Дали 100% и верувате на таа личност? Дали тие сигурно ќе дадат се од себе? Дали се еднакво посветени на бизнисот како вас? Дали отворено разговараат за добрите, лошите и навистина лошите работи кога се стартува бизнис?

Доколку одговорот на едно од овие прашања е „не“ или  треба да застанете за да размислите каков би бил одговорот, можеби ттреба повторно да размислите кого избирате за партнер. Верувајте на своите инстинкти. Потребно ви е партнество кое ќе ги издржи сите замки на еден бизнис пред да речете „Да“.

- Advertisement -

Во текот на—Дали утре пак би донеле иста одлука да почнете бизнис со истата личност?

Официјално сте партнери со избраната личност, сета потребна документација е потпишана, бизнисот стартуваше. Следната фаза е потврдување дека партнерството функционира и дека бизнисот има корист од вашата соработка како тим. Секој ден треба да се прашувате: Дали би почнал/а нов бизнис со истата личност? Доколку се е во ред, одговорот треба да е „да“. Доколку не е,  можеби тоа партнерство не е тоа што ви треба за да водите успешен бизнис.

Исто така, битно е да се има предвид дека ова прашање треба да си го поставува и вашиот бизнис партнер. Тој/таа треба да се чувстува самоуверено дека партнерството функционира, затоа што сепак, станува збор за двонасочен однос. Доколку се е ОК, и двајцата ќе сте сигурни дека партнерството е силно и доволно за долготраен бизнис, па можеби и ќе почнете заедно да планирате некој нов бизнис.

Потоа—Дали знате како ќе заврши партнерството пред и да почне?

Додека бизнисот ви цвета и партнерството функционира одлично, мора да размислувате и за можноста да се стави крај на приказната. Една од најбитните компоненти на стартувањето бизнис е дискусијата за можните сценарија. Не е лесно да се разговара за тоа и сигурно не е нешто што го посакува која било страна кога се почнува нешто ново, но мора да се знае кои ќе бидат решенијата ако дојде до непредвидена ситуација.

Доколку партнерот посака, на пример, да го напушти бизнисот, како ќе се смени сопственоста? Сте размислиле ли за резервен план доколку бизнисот повеќе не ви одговара? Ваквите дискусии се тешки, но во наидобар интерес е на двете страни и на бизнисот да се разговара и детално да се испланира што ќе се прави во конкретна ситуација. Здравиот бизнис однос значи сите засегнати страни да знаат како ќе се постапи доколку еден од партнерите одлучи да го напушти бизнисот или ако пропадне бизнисот.

Без разлика на тоа каков бизнис стартувате, наоѓањето соосновач или партнер не е мал залак. Следниот пат кога ќе сакате да испробате некоја идеја, имајте ги на ум овие совети за пред, за време на и по наоѓањето партнер.

(AllBusiness)

Сподели!
- Advertisement -