Скампер едукативниот центар создаде модерна програма за онлајн дополнителни часови

- Advertisement -

Интервју со Тамара Димитрова, коосновач на Скампер едукативен центар кој работи на најразлични програми за едукација на деца.
„Ако сме доволно упорни и флексибилни, светските практики за онлајн едукација лесно можат да се применат и кај нас. Таков пример е едукативниот центар Скампер, кој изминатите три месеци разви посебна онлајн програма за дополнителна настава базирана на светските трендови во образованието, адаптирана според потребите на децата од предучилишна возраст, до прво и второ одделение“.

Ковид кризата, која сериозно го погоди образовниот систем, но и вас како едукативен центар, ве натера брзо да се адаптирате и да креирате нова понуда за онлајн дополнителни часови. Колку време ви беше потребно за реализација за на овој проект?

- Advertisement -

Пандемијата на Ковид-19 предизвика огромни промени во нашето секојдневие. Со тоа се променија и навиките на сите нас, како на возрасните, така и на децата. Но, секоја потешкотија мораме да ја гледаме како предизвик за кој мораме да најдеме решение. Тоа е филозофијата која ја негуваме кај секое дете во Скампер и нешто што секојдневно го применуваме.

Пред нас следува нова нормалност, во која зачувувањето на јавното здравје претставува врвен приоритет. Но, истовремено, имаме одговорност да ги едуцираме најмладите, поради што за сите дечиња создадовме адаптирана програма која со нашите едукатори ќе може да ја работат, од топлината на сопствениот дом, и да продолжиме онаму каде што застанавме. Се работи за програма која во голем дел ќе се одржува онлајн, а ќе биде во различни формации и возрасни групи, а адаптирана и според потребите на самите родители. Целта е да се освежат навиките и да се обезбеди континуитет за развој, без разлика на состојбата со Ковид-19 во земјата и независно од отворањето или затворањето на различни гранки и сектори. На онлајн програмата се работеше нешто повеќе од 3 месеци, во кои имавме фази на истражување, собирање на материјали и подготовка на програмата, нејзино тестирање и пилотирање, и сега е достапна за сите дечиња во нашата земја кои се во предучилишна возраст, првачиња или вторачиња.

- Advertisement -

Креирањето на ваков тип на програма бара сериозно искуство и посветеност. Кој се учествуваше во создавањето на програмата?

Адаптирање на програма за овие вонредни услови, каде има многу променливи е навистина макотрпно и бара голема флексибилност. Да се создаде систем каде сите овие променливи: време на одржување, расположение на децата, нивниот фокус и истрајност во конкретен ден, интерес кон темата која ќе се разработува, компетитивноста која ја имаат во себе и желбата за соработка не е едноставно и мора да се размислат сите можни ситуации и за истите да се понуди протокол за справување.

- Advertisement -

Токму поради тоа целиот процес траеше малку подолго и опфати повеќе фази каде најпрвин истражувавме кои се можните алтернативи, кои се методи ни стојат на располагање, кои од нив се оспособени за оваа возраст, потоа како да им пристапиме на децата така што ќе се чувствуваат сигурно и комотно да разговараат и работат пред компјутер и на камера. Во овој процес учествуваше целиот тим на Скампер (кој содржи педагози, уметник, комуниколог и двајца информатичари), но многу помогнаа и мора да ги споменам нашите надворешни соработници, од областите на психологија и ИКТ. Интердисциплинарниот карактер на тимот ни помогна полесно да ги предвидиме речиси сите можни ситуации и за истите да понудиме механизми за справување.

Онлајн програмата е базирана на светските трендови во образованието, адаптирана според потребите на децата од предучилишна возраст, до прво и второ одделение. Истата е тестирана, со реализирање на три пилот програмски недели со различни возрасти на деца, внимавајќи притоа на: времетраењето на часовите, фокусот и концентрацијата на децата, игри и активности кои можат да се спроведуваат онлајн, а сепак да бидат со елемент на социјализација, методи за усвојување на знаења и информации, начини за изработка на активности и вежби. Секој следен пилот беше поуспешен бидејќи градевме на знаењето и искуството, како од наставата која ја спроведувавме досега, така и во оваа нова, адаптирана средина. По сета вложена енергија, пресреќни сме што наскоро започнуваме и можеме да ја споделиме со сите дечиња кои веќе се приклучија.

Кои возрасни групи  на деца можат да ја посетуваат дополнителната настава и на кој начин ќе се одвива истата?

Како што веќе споменав, поради променетото секојдневие на луѓето, не постои единствено решение. Затоа, нудиме повеќе модели, опишани во продолжение:

  • Скампер сениори курсеви за креативност – програма за деца од 5 до 8 години, со часови три пати неделно (понеделник, среда и петок) по 120 минути која почнува на 10ти септември. Целта на оваа програма е негување на љубовта кон креативното изразување и уметноста кои играат многу важна улога во развојот на детето. Негувањето на креативноста развива нови можности и капацитети кај децата. Со разновидни техники и теми, преку цртање, боење, моделирање и правење на 3Д модели, децата ќе ја вежбаат својата психомоторика, фина моторика, симетрија и сл. На секое дете на почетокот на работната седмица ќе му биде испратен пакет во кој ќе бидат подготвени сите материјали кои ќе бидат потребни за часовите.
  • Скампер сениори менторски часови за прво и второ одделение – програма за деца од 6 до 7 години, кои тргнуваат во прво и второ одделение. Оваа програма ќе започне на 1ви октомври и ќе го следи текот на училишната година. Со секојдневни часови од 120 минути во попладневните часови, ќе обезбедиме совладување на материјалот доколку настанале потешкотии или нејаснотии во процесот на формалната онлајн настава. Секое дете си има сопствено темпо, затоа, во мали групи и со индивидуален пристап ќе работиме заедно да сите поими бидат целосно и успешно совладани. Дополнително, овие дечиња ќе добијат 10 креатива часови бесплатно во текот на месецот кои ги спроведуваме, во договор со нивните родители.
  • Скампер јуниори – програма за деца од предучилишна возраст со комбинирана настава на физичко присуство два пати во неделата и онлајн часови по 60 минути која почнува на 10ти септември. Потребата за овој хибриден модел започнува со недостигот на апстрактно мислење кај децата на оваа возраст, па така, процесот на објаснување што подразбира учење и игра од дома, ќе мора јасно да се договори на самиот почеток со нив.

Сите програми може детално да се погледнат на нашата веб-страница, во која редовно ажурираме слободни места.

Родителите се особено загрижени од новонастанатата ситуација и на некој начин ја преземаа улогата на „едукатори“ на нивните деца, тоа создава дополнителен стрес и страв дека децата многу потешко ќе го совладаат материјалот. Што ќе им препорачате на родителите, без разлика дали ќе одлучат дали своите деца ќе ги запишат на некаков тип на дополнителна настава, како полесно да се справат со новонастанатата ситуација?

Притисокот и неизвесноста која секој од нас возрасните ја чувствува поради сите промени предизвикани од епидемијата, не ја чувствуваат децата. Да, ги согледуваат промените, но многу полесно се адаптираат на нив отколку возрасните. Го прифаќаат новиот начин на „игра“ и продолжуваат со нивните активности, јакнење на љубопитност, трошење на енергија и желба за игра. Јас и целиот тим на соработници на Скампер им препорачуваме да бидат отворени и смирени со своите деца – тие се неверојатно флексибилни и ги следат правилата на играта. Поставете ја целата промена на однесување дома и надвор во форма на игра и тие ќе го прифатат. Маска, редовна дезинфекција и поинакво поздравување не е никаков проблем за децата, доколку им е јасно зошто е тоа важно.

Задржувањето на вниманието на младите деца, особено ако не се физички присутни во просторијата е голем предизвик. Како вашата програма за дополнителна настава го решава тоа?

Како што веќе споменавме, постојат повеќе начини за да се задржи нивното внимание, каде пресудно е да се следат нивните потреби. Доколку почувствуваме дека се размрдани и имаат вишок енергија која треба да ја анулираат, веднаш ја привршуваме претходната активност и се фокусираме на вежби за раздвижување на телото, ритмички вежби, фитнес или јога вежби. Исто така постојат голем број на друштвени игри кои ги прилагодивме за да може децата да ги играат од сопствениот дом, а сепак да е задржана компетитивната компонента и може да се натпреваруваат и играат меѓусебно во оваа „нова нормалност“.

Социјализацијата која што децата ја добиваат преку физичкото присуство во било кои активности е многу важна за нивниот развој. Може ли и преку онлајн настава на некаков начин да се компензира овој значаен сегмент?

Развојот на комуникацијата и социо-емоционалниот развој се клучни елементи во раст и развој на секое едно дете. Со онлајн наставата ќе стремиме на развој на нивната истрајност која ќе поттикне да и нивната комуникација се подобри преку сите овие алатки и платформи за е-комуникација, а со тоа и да се надополни нивната потреба за социјализација која беше значајно намалена во изминатиот период. Најважна е конзистентноста во нивната комуникација и едукација, затоа сметаме дека овој модел е најробустен во периодот што следи и сме целосно посветени на него.

Главните бенефити на дополнителната настава во Скампер е развивањето на критичко размислување и креативното учење. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?

Се стремиме кај децата уште од најрана возраст да поставиме цврсти темели на критичко и креативно мислење. Децата се иднината на нашата земја, и сакаме да ги научиме да гледаат низ призмата на решавање на проблеми. Да трчаат кон нив, да ги разберат, да ги поедностават, да се асоцираат со слични ситуации во минатото и да го искористат своето претходно знаење. Доколку го немаат, да истражат и да најдат решение и одговор. Не сакаме да бегаат од проблемите, туку да бараат решенија – зашто само со младина која има таква основа и вредносен систем ќе изградиме подобро општество утре. Освен критичко, се стремиме кон развој на нивно креативно изразување. Со овој спој целиме да ги оспособиме да можат во иднина да гледаат од поинакви агли на еден ист проблем и со веќе постоечкото знаење полесно стигнат до процес на иновација и подобрување на нивната потесна или поширока околина.

Самото име на центарот, Скампер, е мотивирано од метода во теорија на иновации, која се користи во процес на создавање и унапредување на концепти.  Поточно, SCAMPER – Substitute, Combine, Amplify, Modify, Put to another use, Eliminate, Rearange. Истовремено е асоцијација за нешто што е мало и брзо, кое е совршен опис на децата до кои сакаме да допреме.

Колкав е бројот на деца кои што можат да се запишат во Скампер дополнителната настава и каде можат да се обратат заинтересираните родители?

Капацитетот на групите е ограничен, но бројот на групите може да се зголемува. Со цел да обезбедиме квалитетно одвивање на наставата и индивидуален пристап при работа, во една група може да има само 5 деца. За секоја возраст почетниот капацитет е 3 групи, кој согласно побарувачката ќе можеме едноставно да го адаптираме. Заинтересираните родители можат да пишат на нашиот меил и да побараат повеќе информации info@scamperedu.mk, на социјалните мрежи, на контакт формата на веб-страницата на Скампер – scamperedu.mk или пак на телефонскиот број 078377527 и да поразговараат со некој од нашите едукатори.

Сподели!
- Advertisement -